„Сакав сите да ги убијам, а вие мене“

Страшна снимка од моментот на нападот во Њујорк (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Ричард Рохас, напаѓачот што вчера со автомобил влета меѓу пешаци на њујоршки Тајмс сквер и уби едно лице, наводно по нападот викал: „Требаше да ме убиете, зошто не пукавте во мене? Сакав сите да ги убијам“.

Напаѓачот со автомобил „хонда акорд“ се заби во пешаци и ја уби 18-годишната Алиса Елсман од Мичиген, а повреди уште 22 лица. По крвавиот инцидент тој се обидел да избега, но полицијата веднаш го фатила.

Тестиран бил за алкохол, но не бил во пијана состојба. Сепак, како што пренесуваат американските медиуми, на полицијата ѝ признал дека пушел синтетичка марихуана К2 и дека на нападот го наговорил Бог. Тој од претходно ѝ бил познат на полицијата, а последниот инцидент во кој учествувал се случил минатата недела кога нападнал со нож маж во Бруклин.

 

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО:

Не верувам дека Суперкупот нема да се одржи во Скопје. Ако намерата беше таква, досега УЕФА тоа одамна ќе го стореше. 

повеќе

Помина 22 јуни во уште едно потсетување, дека пред 16 години во 4,30 часот почна битката за Арачиново во која загинаа тројца припадници на македонските полициски сили.

повеќе

И во Турција, како и во Иран и Романија народот постојано ќе го поставува истото прашање: дали средствата потрошени за глорификација на власта можеа да бидат употребени за искоренување на сиромаштијата.

повеќе