Странците сепак нема да мора да ги пријавуваат љубовните врски со Палестинци, Израел попушти

Вчера Израел, наводно под притисок на Соединетите Американски Држави и европските влади, објави изменета регулатива за влез на странци на Западниот Брег и тие нема да мора да се изјаснуваат за своите односи со Палестинци.

Фото: ЕПА

Одделот на израелското Министерство за одбрана, КОГАТ, задолжен за палестинските граѓански прашања, ги објави нацрт-прописите во февруари и требаше да стапат во сила во јули, но Врховниот суд ги одложи.

Изменетиот документ ќе стапи во сила на 20 октомври, објавија синоќа израелските медиуми.

Во него е отстранет условот дека странците што влегуваат на окупираниот Западен Брег мора да ги известат израелските власти во рок од еден месец откако ќе се свршат, ќе се венчаат или ќе почнат да живеат заедно со Палестинец/ка.

Првобитно било предвидено дека доколку врската со странецот почне со пристигнувањето на таа територија, тогаш за тоа во рок од 30 дена и писмено треба да се извести овластеното службено лице на одделението.

Дополнително, барање за формализирање на статусот мора да се поднесе до Палестинската управа.

КОГАТ го отстрани нацрт-документот од февруари од Интернет и од 4 септември го замени со нова верзија на 90 страници.

Новиот нацрт, исто така, дозволува продолжување на визите за странци од 90 на 180 дена и ги отстрани ограничувањата за посета на предавачи и студенти на палестинските универзитети, при што се предвидени 100 професори и 150 студенти годишно.

Израел, исто така, се согласи на двегодишен пробен период, за време на кој прописите може да се променат.

И покрај промените и објавувањето на ревидираните регулативи, американската влада сè уште е загрижена и амбасадорот на САД во Израел Том Најдс го потврди ова.

Амбасадорот во соопштението објави дека од февруари американската амбасада во Ерусалим, американската Канцеларија за палестински прашања и тој соработуваат со владата на Израел за утврдување на прописите и најави дека ќе продолжат да го прават тоа додека не се имплементираат и во текот на двегодишниот пробен период.

Тој рече дека останува загрижен за тие регулативи, особено за улогата на КОГАТ во одредувањето дали лицето покането во палестинските образовни институции е квалификувано да влезе на Западниот Брег.

Во соопштението се нагласува важноста на транспарентноста и правичниот и еднаков третман на сите граѓани на САД и другите странци што патуваат на Западниот Брег.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе