Столтенберг кажа дека сојузниците во НАТО дале основни гаранции за заштита на Шведска за време на преодниот период додека не стане полноправна членка на Алијансата и може да се повика на членот 5 од договорот за заемна одбрана.
„Од безбедносен аспект Шведска денес е во подобра ситуација отколку пред кандидатурата. Сојузниците од НАТО одговорија, давајќи ѝ безбедносни гаранции на Шведска“, кажа Столтенберг.
Тој кажа и дека е, доколку Шведска биде нападната, незамисливо сојузниците од НАТО да не реагираат, и дека тоа е пораката која воениот пакт јасно му го пренел на секој потенцијален непријател.
Турција ја обвинува Шведска, а донекаде и Финска, дека ѝ пружаат засолниште на Работничката партија на Курдистан (ПКК), група која Анкара и нејзините сојузници ја сметаат за терористичка.
Турција е незадоволна и од ембаргото кое Шведска ѝ го воведе за продажба на оружје од 2019 година поради турската воена инвазија на Сирија.
Секое пристапување во НАТО мора да го одобрат сите 30 земји членки.
Столтенберг претходно кажа дека Шведска и Финска ќе бидат примени во воениот пакт „со широко отворени раце“ и дека се надева дека прашањето на турското противење ќе биде решено пред самитот на НАТО кој почнува на 28 јуни во Мадрид.
Меѓутоа, со изјавата дадена во понеделникот во Финска, тој навести дека спорот може да потрае, кажувајќи дека самитот во Мадрид никогаш не бил даден како некаков рок.