Столтенберг: НАТО мора радикално да ги менува ставовите за европската безбедност

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг кажа дека Алијансата е во позиција во која мора радикално да ги смени ставовите за европската безбедност како одговор на војната на Русија во Украина.

EPA-EFE

„Руската инвазија на Украина и нејзината воена интеграција со Белорусија создава нова безбедносна реалност на европскиот континент“, кажа Столтенберг.

Тој наведе дека НАТО мора да ги смени своите воени ставови поради новата реалност.

„На терен тоа би значело вклучување на многу повеќе сили во источното крило на алијансата, поголема спремност и повеќе опрема“, кажа Столтенберг.

Во последните години НАТО распореди релативно мал број војници, околу 5.000, во Естонија, Летонија, Литванија и Полска кои ротираат.

Столтенберг очекува министрите за одбрана на земјите членки да им наредат на воените команданти на НАТО да предложат опции за јакнење на безбедноста во Источна Европа за кои лидерите на воениот пакт ќе одлучуваат на самитот во јуни.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе