Столтенберг ја отфрли можноста за исклучување на членки на НАТО

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека се мали шансите воената организација некогаш да воведе систем на исклучување на своите членки.

EPA-EFE/TOMS KALNINS

„НАТО нема механизам за исклучување на членки. Нема да препорачам тоа да биде вклучено во нашиот основачки договор“, рече Столтенберг во Рига пред состанокот на министрите за надворешни работи на Алијансата.

Столтенберг додаде дека и да го предложи, тоа никогаш нема да се случи бидејќи за таква одлука е потребен консензус од сите 30 членки, што значи дека секоја земја има право на вето.

За време на дводневниот состанок министрите ќе разговараат за предлозите на генералниот секретар за измена на Стратешкиот концепт на НАТО, документ во кој се опишува мисијата на Алијансата и план за прилагодување на современите безбедносни предизвици. Последниот Стратешки концепт е усвоен во 2010 година и не ја спомнува Кина или климатските промени.

Најавено е дека конечниот текст на Стратешкиот концепт ќе биде усвоен на самитот на НАТО во Мадрид во јуни 2022 година.

Останува нејасно како Алијансата ќе се бори против авторитаризмот кај некои од своите членки или како ќе ги реши проблемите што се појавуваат кога една членка бојкотира акции на НАТО, како кога Унгарија ги блокираше средбите на високо ниво со Украина поради правата на унгарското малцинство во таа земја.

Столтенберг рече дека одговорот не е исклучување членки.

„Мислам дека е подобро да се користи НАТО како платформа и да има искрени и отворени дискусии кога сме загрижени дали сите сојузници ги исполнуваат демократските стандарди“, рече Столтенберг.

„Кога тие земји би биле исклучени, тогаш таа платформа повеќе не би постоела“, рече Столтенберг, додавајќи дека смета дека е подобро да се задржи НАТО со сите свои членки.

Сепак, тензиите меѓу поединечни членки на Алијансата растат.

Турција предизвика незадоволство кај повеќе земји со купувањето руски ракетни системи и истражувајќи енергетски резерви во спорните води во Средоземното Море.

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, во 2019 година изјави дека Алијансата претрпе „мозочна смрт“ поради отсуството на американското раководство. Макрон се жалеше дека администрацијата на Доналд Трамп донела одлука да ги повлече американските трупи од Сирија без да се консултира со сојузниците.

Договорот меѓу САД, Велика Британија и Австралија, поради кој беше раскинат договорот меѓу Канбера и Париз за купување на француски подморници, многу го налути Макрон, кој побара да се преиспита начинот на политичкото функционирање на НАТО.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/TOMS KALNINS

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе