Наведе дека тоа претставува големо долгорочно зголемување на присуството на воениот сојуз во регионот, двојно зголемувајќи го постоечкиот број на борбени трупи.
Обраќајќи им се на новинарите пред посетата на американскиот претседател Џо Бајден на Брисел, Столтенберг порача дека Русија мора да го сопре „тропањето со нуклеарните сабји“.
Бајден во белгиската престолнина ќе присуствува на состанок со сојузниците во НАТО за да разговараат за одговорот на инвазијата на Русија.
Столтенберг додаде дека има јасна порака за Русија – дека нуклеарна војна не може да се добие и никогаш не треба да се води.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков претходно кажа дека Русија би можела да употреби нуклеарно оружје само ако се соочи со „егзистенцијална закана“.
Генералниот секретар на НАТО ја повтори поддршката на Украина и истакна дека членките на НАТО се соочуваат со суштинско променето безбедносно опкружување во кое авторитарните власти се спремни да употребат сила.
„Очекувам дека ќе се позанимаваме со улогата на Кина во оваа криза. Кина на Русија ѝ пружи политичка поддршка, вклучувајќи ширење на очигледните лаги и дезинформации“, оцени Столтенберг.