Сеул

Стјуардеса заразена со коронавирус, летала на линија Сеул-Лос Анџелес

Стјуардесата на Кореан Ер која е позитивна на тестот за коронавирус работела на летовите помеѓу Сеул и Лос Анџелес, соопшти денес Корејскиот центар за контрола и превенција на болести (КЦДЦ).

Јужна Кореја денес пријави 334 нови случаи на коронавирус, што е најголем дневен пораст досега, при што вкупниот број на заразени сега изнесува вкупно 1.595, што е најголем број надвор од Кина, пренесува Ројтерс.

Заболената стјуардеса работела на летото КЕ017 на компанијата Кореан Ер од аеродромот во Сеул до Лос Анџелес на 19 февруари, како и на повратниот лет КЕ012 на 20 февруари, објавија новинските агенции Joнхап и други медиуми, а потврдија официјални јужнокорејски претставници.

„Таа полета откако се појавија симптомите и ние ги испитуваме луѓето кои оствариле контакт со неа при летот“, се вели во соопштението на КЦДЦ.

Стјуардесата, која има 20 години, подоцна била позитивна на тестот за вирусот и во моментов се наоѓа во болница. Таа била член на екипажот на летот на корејската компанија КЕ958 од Израел до Сеул на 15 и 16 февруари, соопшти КДЦЦ.

Патниците на тој лет ја вклучувале јужнокорејска религиозна група со која е поврзан 31 случај на коронавирус. „Во тек е истрага за местата што ги посетила пациентката и луѓето со кои имала контакт“, соопшти КЦДЦ.

Другите членови на екипажот кои летале со неа се наоѓаат во 14 дневен карантин.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе