Српските политичари за Олуја: Тоа е злосторство, Бог може да прости, но Србите не можат и нема

Српските политичари ја нарекоа хрватската воено-полициска акција од 1995 година Олуја „злосторничка операција“ и „етничко чистење“ на хрватските Срби, повторно потврдувајќи ги длабоките разлики меѓу Србија, која таа операција ја смета за злосторство врз своите сонародници, и Хрватска, која ја слави како воена победа и национален празник.

EPA-EFE

Во Србија со низа настани се комеморираат жртвите на Олуја, со оценка дека Хрватска таа акција ја слави, а Србија тагува за загинатите, убиените и исчезнатите за време на акцијата во која хрватските војска и полиција во август 1995 ги ослободија подрачјата под контрола на побунетите локални Срби.

Српскиот министер за надворешни работи Никола Селаковиќ одбележувањето на Олуја во Хрватска го гледа како „ден на жалост во Србија и Република Српска поради најголемото етничко чистење во Европа по Втората светска војна“.

„Злосторничката операција Олуја беше круна на пеколниот план, кој почна со укинување на колективните права на Србите во Хрватска, а заврши со ускратувањето на правото на постоење на цел еден народ“, оцени Селаковиќ.

Министерот за одбрана Небојша Стефановиќ оцени дека Хрватска „ја слави акцијата во која човечноста доживеа целосен пораз“, додека „Србија тагува, но нема да ги заборави српските жртви, ниту ќе дозволи другите да ги заборават“, порачувајќи дека „Србија веќе никому нема да му дозволи такви акции над српскиот народ“.

Српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин истакна дека Олуја не е само „злосторство и срам на Хрватска“, туку „срам на ОН бидејќи протераните Срби живееја во зони под заштита на ОН, без оружје и одбрана“.

Тоа е и „срам за Европската Унија бидејќи никогаш не кажала збор за осуда на својата членка, која го слави најголемото етничко чистење во Европа по Втората светска војна и ги обновува и усташките симболи и усташката пракса кон Србите“, како и срам на Хашкиот трибунал кој ја „прогласи за злосторство, но не ги осуди злосторниците“, смета Вулин.

„Олуја е злосторство, Бог може да прости, Србите не можат ни да простат ни да заборават“, кажа српскиот министер.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе