Српските медиуми го објавија датумот на почетокот на судењето на хрватските пилоти

Вишиот суд во Белград го закажа за 14 октомври судењето на четворицата хрватски офицери кои се обвинети дека на 7 август 1995 година пукале во колоната бегалци во Босна и Херцеговина, јавува српскиот весник Политика.

EPA-EFE

Постапката по обвинението кое против Владимир Микац, Зденко Радуљ, Жељко Јелениќ и Даниел Боровиќ го поднесе српското обвинителство за воени злосторства поради воено злосторство против цивилно население ќе ја води совет со кој ќе претседава судијата Владимир Дуруз.

Иако обвинителството за воени злосторства при поднесувањето на обвинението предложи постапката против обвинетите да се води во нивно отсуство, според сознанијата на Политика, судот не донел одлука за тоа.

Бранителот на првообвинетиот Микац, адвокатот по службена должност Александар Оленик, кажа дека е јасно дека на патот кај Босански Петровац е извршено злосторство, дека има голем број докази, сведоци и жртви кои потврдуваат дека на 7 и 8 август 1995 хрватски воени авиони ја бомбардирале бегалската колона, но дека „суштината е дека во конкретната постапка нема докази токму против четворицата обвинети“, пренесуваат српските медиуми.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе