Српската вицепремиерка: Лавров го злоупотребува фактот што Србија не воведе санкции кон Русија

Вицепремиерката на Србија Зорана Михајловиќ изјави дека шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров го злоупотребува фактот што Србија не воведе санкции кон Русија, обидувајќи се да покаже дека Србија го поддржува рускиот напад врз Украина, иако Србија гласаше за резолуцијата на ОН за осуда на војната, соопштија од нејзиниот кабинет.

Фото: ЕПА

„Србија јасно се определи против војната во Украина, а тоа што ние не воведовме санкции кон Русија, како што тоа го направи цела Европа, покажува дека води самостојна и независна политика“, истакна Михајловиќ.

Таа оцени дека Лавров наместо да ја почитува одлуката на Србија да не воведе санкции кон Русија, тој факт го злоупотребува претставувајќи го како поддршка на Србија за руската страна во конфликтот.

„Иако зборува за пријателство меѓу двете земји, со ваквото однесување на дело го покажува спротивното“, наведе Михајловиќ во писмената изјава.

Таа нагласи дека Србија води самостојна и независна политика исклучиво во интерес на своите граѓани.

„Политиките на Владата и на претседателот се зачувување на мирот и стабилноста, регионалната соработка и пристапувањето во ЕУ. Сè што не придонесува за овие цели, вклучително и она што го кажува господинот Александар Вулин, нема никаква врска со оваа политика“, рече Михајловиќ.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе