„Разговаравме и за односите меѓу ЕУ и Турција. Се согласивме дека е исклучително важно ЕУ да има заеднички став и заедничка политика кон Турција. За нас е исклучително важно ние да ги развиваме добрососедските односи со Турција. Зголемувањето на ризикот меѓу ЕУ и Турција создава најголем ризик за Бугарија. Потребна е добра волја од двете страни за намалување на тензиите. Неприфатливо е Турција да се меша во изборниот процес и во внатрешните работи на која и да е држава од Унијата, вклучително и Бугарија. Затоа се потребни координирани и обединети активности на Унијата за одбрана на нашата независност, безбедност и достоинство. Членството во ЕУ за нас е најголем гарант за нашиот економски развој, просперитет и безбедност. Затоа Бугарија вложува напори за зајакнување на единството на Унијата“, додаде Радев.
Бугарија е пример за тоа како треба да се чува границата, изјави претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск по средбата со претседателот Румен Радев. Тој истакна дека е исклучително важна солидарноста. За проблемот со миграцијата Туск изјави дека „Бугарија е пример за тоа како треба да се справиме. Ситуацијата е под контрола. Ова покажува колку е ефективно бугарското политичко раководство“.
Во однос на Турција, Туск изјави дека „ЕУ ги почитува своите обврски, очекуваме и Турција исто така да ги почитува своите обврски“. Според него Бугарија треба да стане дел од Шенген.