„Добра вест за Западен Балкан“

Србија отвори уште четири поглавја во пристапните преговори со ЕУ

На меѓувладината конференција на Србија и Европската Унија во Брисел е отворен кластерот 4, кој вклучува четири поглавја од преговорите за пристапување на Србија во Европската Унија.

Фото: ЕПА

Отворени се поглавјата 14 (транспортна политика), 15 (енергија), 21 (трансевропски мрежи) и 27 (животна средина).

Србија во досегашните преговори со Европската Унија отвори 22 поглавја, од кои две се привремено затворени.

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ по меѓувладината конференција изјави дека денешниот ден е многу важен датум и многу важна пресвртница за Србија.

„Во согласност со новата методологија, денеска го отворивме кластерот 4 – зелена агенда и во рамките на кластерот 4 отворивме четири нови поглавја“, рече Брнабиќ.

Таа оцени дека тоа е голем успех за кој сака да им честита на сите граѓани на Србија и му се заблагодари на претседателот Вучиќ за поддршката и разбирањето што го покажал.

„Важна работа од новата методологија е политичкото управување со интеграциите. Она што го направивме во мандатот на новата влада е што целосно политички, заедно со министерката Јоксимовиќ, го управуваме процесот, сите реформи, особено во областа на владеењето закон и тоа даде резултати“, рече Брнабиќ.

Таа рече дека се надева дека Србија во 2022 година ќе го отвори кластерот 3, кој, како што наведе, е спремен, и дека потоа на дневен ред се подготовките за отворање на кластерот 5.

Таа нагласи дека степенот на усогласеност на Србија со надворешната и безбедносната политика на Европската Унија во моментов е 65,55 отсто.

Брнабиќ ѝ се заблагодари на Словенија за нејзиното „успешно претседавање“, како и за поддршката од земјите-членки, Европската комисија, комесарот Вархеји и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Отворањето на преговорите за кластерот 4 претставува силен политички сигнал за посветеноста на Европската Унија за пристапување на Србија, истакна европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји.

Тој рече дека сега за прв пат се отвораат преговори за еден кластер што се состои од четири поглавја и додаде дека со тоа Србија прави уште еден важен чекор кон влезот во ЕУ.

„Отворањето на поглавјето е многу добра вест за Србија и нејзините граѓани, како и за целиот Западен Балкан. Ова испрати силна порака дека ЕУ сака да го забрза својот ангажман на Зелената агенда“, објасни Вархеји.

Еврокомесарот за проширување рече дека со отворањето на кластерот се потврдува дека има напредок во преговорите во пристапниот процес и оти ЕУ ги поддржува сите реформи што се спроведени во Србија.

„Меѓувладината конференција, исто така, ни овозможи да отвориме политички дијалог за клучните предизвици со кои Србија продолжува да се соочува. Кога станува збор за владеењето на правото и нормализацијата на односите со Косово, тие остануваат клучни за процесот на пристапување“, рече Вархеји.

Вархеји рече дека е важно Србија да постигне добри резултати на терен, со цврста амбиција да отвори дополнителни кластери за време на француското претседателство со ЕУ.

„Од наша страна ќе направиме сѐ за да ги забрзаме преговорите“, нагласи Вархеји.

„Истовременото отворање четири поглавја внесува дополнителна динамика во преговорите за пристапување на Србија во Европската Унија“, изјави денеска словенечкиот државен секретар Гашпер Довжан по Меѓувладината конференција ЕУ-Србија.

Довжан го изнесе заедничкиот став на ЕУ, велејќи дека проширувањето останува клучен приоритет за ЕУ, што е стратегиска инвестиција во мирот, просперитетот и стабилноста во Европа.

„Посебно ми е драго што денеска се договоривме да отвориме еден преговарачки кластер со Србија, што е првпат. Ова е важен резултат во преговорите и важна демонстрација на ревидираната методологија за проширување, која сега се применува во практика“, рече Довжан.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе

Откривањето на минатото ни помага многу да ги научиме изненадувањата на иднината.

повеќе