Околу потпишувањето на договорот со Русија

Србија најави жесток одговор на Брисел, Вучиќ ќе ѝ се обрати на јавноста

Претседателот на Србија Александар Вучиќ најави решителен и жесток одговор на бриселската администрација во име на Србија. Одговорот ќе ѝ го соопшти на јавноста најдоцна во рок од 72 часа, пренесуваат српските медиуми.

EPA-EFE

Според Новости, шефот на српската држава бил шокиран и вџашен по изјавата на портпаролот на Европската комисија Петер Стано, творецот на синтагмата за „одговорност од двете страни“ во случаите кога албански специјалци од РОСУ пукаат во невооружени Срби на Косово, а кој денес ѝ порача на Србија дека е „под надзор на ЕУ“ поради потпишувањето на формалниот План за консултации меѓу министерствата за надворешни работи на Србија и Русија кој во петокот беше потпишан во Њујорк.

Претседателот на Србија, како што пишува Новости, бил видно револтиран од пораката на Стано и подготвува одговор „без влакна на јазикот“, особено поради тоа што портпаролот на ЕК молчел кога албански екстремисти неодамна се обидоа да убијат српско момче во Бабин Мост или кога во четвртокот 30 вооружени припадници на косовските безбедносни сили упаднаа на северот на Косово, во општината Зубин Поток.

„Тоа Стано го премолчи, но не ја пропушти приликата да ѝ се закани на Србија поради техничкиот план за состаноци на српскиот и рускиот министер за надворешни работи во кој нема ниту една ставка која се однесува на безбедноста“, коментира српскиот весник.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе