„Неодамнешна студија која ја спроведе Гамалеја центарот во Русија покажа дека ревакцинацијата со вакцината Спутник V функционира многу добро против новите мутации на коронавирусот, вклучувајќи ги соевите на вирусот од Британија и Јужноафриканската Република“, кажа Логунов.
Тој додаде дека, според тврдењата на руските истражувачи, „се верува дека вакцините засновани на вектори всушност се подобри за идните ревакцинации од вакцините засновани на други платформи“.
Ројтерс пренесува дека наскоро се очекува објавување на резултатите од тестирањата.
Логунов кажа дека истражувањето покажало дека ревакцинацијата не влијаела врз ефикасноста на вакцината. Според него, „антителата специфични за векторите кои ги користи Спутник V, а кои би можеле да генерираат антивекторска реакција и да ја поткопаат работата на самата вакцина, ослабеле веќе 56 дена по вакцинацијата“.