Доколку не ги укинат царините

Според приштинските медиуми: Америка размислува за повлекување на трупите од Косово

Приштинска Газета експерс пишува дека САД ја разгледуваат можноста за повлекување на своите трупи од Косово доколку Приштина не ги укине царините на стоката од Србија.

Според тврдењата на весникот, амбасадорот на САД во Приштина Филип Коснет му кажал на косовскиот премиер Аљбин Курти дека неговата земја размислува за таквата можност, а тоа, пишува Газета, е досега најсериозната американска закана кон Косово.

Весникот потсетува дека пред неколку месеци се шпекулирало дека Американците размислуваат за отстранување на базата Бондстил од Косово доколку политичкото раководство продолжи да не ги слуша барањата на меѓународниот фактор за укинување на царините, но тие информации не беа потврдени.

Весикот потсетува и дека Курти и претседателката на косовскиот парламент Вјоса Османи, како кандидати за прмиер на изборите на 6 октомври, ветија дека ќе ги укинат царините и дека ќе ги заменат со широки мерки на реципроцитет со Србија, но констатира дека сѐ уште не тргнале во таа насока.

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе