Во ракетен напад врз болничкиот сектор синоќа во градот Вилњанск во областа Запорожје уништена е двокатна зграда во која се наоѓа породилиште, каде што била жена со своето бебе и лекар, соопшти државната служба за итни случаи на Телеграм.
Бебето било убиено во нападот, а мајката и докторот биле спасени од урнатините, рекол изворот.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја обвини Русија за „терор и убиство“ по гранатирањето на породилиштето.
„Непријателот уште еднаш реши со терор и убиства да го постигне она што не можеше да го постигне за девет месеци“ од инвазијата на Украина, напиша Зеленски на Телеграм.
Вилњанск е град во северниот дел на областа Запорожје, чиј поголем јужен дел беше окупиран од руските војници, а Москва објави дека ја анектирала таа територија.
Легенда под Главна слика
Фото: ЕПА