Социолошки експеримент: Србин објави фотографии од НАТО бомбардирањето на Србија како слики од Украина (ФОТО)

Освен вистинската војна која се води во Украина, на социјалните мрежи се води жестока битка околу вистинските информации.

EPA-EFE

Од почетокот на воените конфликти бројни новинарски екипи се тркаат кој ќе објави автентични снимки и фотографии од воените зони и ќе ги пренесе најновите вести од светот на дипломатијата.

Обични луѓе и украинските власти секојдневно објавуваат снимки и фотографии од воените области, а луѓето низ светот се групираат на едната или другата страна, жалат по жртвите, се ужаснуваат од снимките од бомбардирањата, тагуваат над потресните сведоштва.

Тоа се случи со фотографиите од деца, урнати куќи, запалени згради кои се појавија пред неколку дена на сајтовите на одделни светски медиуми. Ги пренесоа како фотографии од рускиот напад на Украина. А всушност ги објави еден Србин.

„Синоќа на неколку сајтови во Америка, Британија и Австралија закачив фотографии од бомбардирање и го замолив народот да го осуди, што и го направија. На крајот пред да ме избришат им се заблагодарив и напишав дека тоа се фотографии кога тие во 1999 година ја бомбардираа Србија“, објави ба фејсбук Владан Миличевиќ.

Потегот наиде на бројни реакции. Коментари оставале и луѓе од Русија, но и од Украина. А веста за тоа беше пренесена и во руските медиуми преку агенцијата ТАСС. „Српскиот ветеран Владан Миличевиќ изведе мал социолошки експеримент: објави непотпишани фотографии од НАТО бомбардирањето на Југославија во 1999 година на сајтови во САД, Британија и Австралија и ги повика интернет корисниците да го осудат она што се случило“, пренесе руската агенција.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе