Социјалистите го враќаат мандатот, нови избори во Бугарија на есен

Во Бугарија најверојатно на есен ќе бидат одржани уште едни вонредни парламентарни избори.

EPA-EFE

Тоа ќе се случи откако Бугарската социјалистичка партија се откажа од плановите да предложи нова коалициска влада, откако не успеа да обезбеди мнозинство во парламентот.

Бугарскиот претседател Румен Радев сега треба да именува преодна влада до изборите, кои најверојатно ќе бидат одржани во октомври. Социјалистите по трет пат се обидоа да формираат влада, откако на коалициската влада на премиерот Кирил Петков ѝ беше изгласана недоверба минатиот месец.

Членот на Бугарската социјалистичка партија Георги Свиленски најави дека партијата утре ќе му го врати мандатот на претседателот.

„Стана јасно дека нема мнозинство кое е спремно да се бори против корупцијата“, им кажа Свиленски на новинарите.

Социјалистите со партнерите во владата во заминување се одговорија за шестмесечна програма која се бави со борбата против широко распространетата корупција и со која се нудат мерки за помош на претпријатијата поради растот на цените, но не добија поддршка од поранешниот сојузник, партијата Има таков народ.

Пратениците го одбија обидот за оваа програма да се гласа во парламентот, што покажа дека го изгубиле мнозинството.

Кризата во Бугарија почна кога од владејачката коалиција излезе партијата ИТН на Слави Трифонов, кој го обвини Петков дека ја води земјата во банкрот и дека со западните дипломати тајно се договорил Бугарија да го тргне ветото за почеток на преговорите на Македонија со Европската Унија.

Парламентот во Софија на 22 јуни ѝ изгласа недоверба на владата на Петков.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе