Снимка секунда пред експлозијата во Бејрут – луѓе мирно го гледаат пожарот (ВИДЕО)

Во силната експлозија во Бејрут загинаа над 130 луѓе, а повредени се над 5.000.

EPA-EFE

Најпрвин изби пожар во магацин со хемикалии, а потоа следуваа неколку силни експлозии.

На социјалните мрежи се појавија снимки од неколку секунди пред разорниот удар, а и фотографија на магацинот во кој наводно била чувана опасната хемикалија.

Врховниот совет за одбрана на Либан синоќа прогласи дека главниот град Бејрут е погоден од елементарна катастрофа, а денеска владата воведе вонредна состојба во престолнината.

По итниот состанок Советот одлучил да се формира специјална комисија што ќе ја истражи причината за експлозијата во пристаништето во централниот дел на Бејрут, а извештајот би требало да биде завршен за пет дена.

Бејрут во текот на ноќта остана без струја, а пожарникарите сѐ уште гасат преостанати пожари на местото на експлозијата.

Според либанскиот министер за здравство, Хасан Хамид, болниците се полни со повредени, па така хотелите во центарот на Бејрут ќе ги примаат пациентите на кои не им е потребна операција.

Експлозијата била еднаква на земјотрес со јачина од 3,5 степени, според германскиот геонаучен центар ГФЗ, а се слушнала и почувствувала до Кипар, над 200 километри преку Средоземно Море.

Силниот удар од експлозијата во Бејрут го детектирале и станиците на Меѓународниот систем за надзор на спроведувањето на договорот за забрана на нуклеарни тестирања во Тунис и во Германија.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Добро е, во прво време, г. премиер, да го поттикнете Вашиот министер за култура да најде погодна форма да се преобјави книгата „По повод најновиот напад на нашиот јазик“ од Конески, пишува професорот Атанас Вангелов во отворено писмо до премиерот Зоран Заев.

повеќе

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе