Смртоносните шумски пожари се шират низ Медитеранот

Светот веќе се загреа за околу 1,1 Целзиусови степени од почетокот на индустриската ера и температурите ќе продолжат да растат доколку владите ширум светот не направат драстично намалување на емисиите на јаглерод.

Фото: Скриншот

Илјадници пожарникари продолжуваат да се борат со пожарите во Португалија, Шпанија и Франција, додека топлотниот бран не покажува знаци на стивнување.

Властите во Португалија соопштија дека најмалку 238 лица починале од жештините оваа недела.

Во северна Португалија загина пилот кога неговиот авион се урна во областа Фоз Коа во близина на границата со Шпанија.

Пожари беснеат и во југозападниот дел на Франција во регионот Жиронд каде што се евакуирани повеќе од 12.000 луѓе.

Топлотните бранови станаа почести, поинтензивни и подолго траат поради климатските промени.

Француската метеоролошка служба за денеска прогнозираше температури до 41 степен во делови од југот на земјата, а за понеделник се предвидуваат нови топлотни рекорди.

Во саботата вечерта беше прогласена висока портокалова тревога во уште 22 региони главно долж брегот на Атлантикот.

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин изјави дека пожарите досега уништиле 10.000 хектари земја и ја пофали „извонредната храброст“ на пожарникарите.

Од вторникот температурите се искачија на 47 Целзиусови степени во Португалија и над 40 во Шпанија.

Во Португалија според прогнозите се очекува температурите да се искачат над 40 Целзиусови степени пред да паднат во наредните недели.

Жариштата на пожарите во Португалија се североисточно од градот Порто. Пожарите уништија 30.000 хектари земја оваа година, поголема површина од летото 2017 година кога Португалија претрпе разорни пожари во кои загинаа околу 100 лица. 

Зафатени беа и други делови од Медитеранот. Во Италија владата прогласи вонредна состојба во исушената долина на реката По, најдолгата река во земјата сè уште постои на некои места.

Во Грција пожарникарите се борат со пожарите во областа Фериза, на околу 50 километри југоисточно од Атина.

Во северниот дел на Мароко неколку села се евакуирани поради пожари. Целосно е уништено село во областа Ксар Ел Кебир, а најмалку едно лице загина во пожарот.

Легенда под Главна слика

Фото: Скриншот

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе