Заменикот на Шојгу

Сменет еден од главните луѓе на руската војска

Заменикот на рускиот министер за одбрана Дмитриј Булгаков е сменет од должноста и префрлен на „друго работно место“, соопшти руското министерство за одбрана. Ќе го замени генерал полковникот Михаил Мизинцев, кој се смета за заслужен за освојувањето на јужниот украински град Мариупол на крајот на мај.

EPA-EFE

Киев тврди дека стотици цивили се убиени за време на опсадата на Мариупол.

Мизинцев беше шеф на националниот центар за управување со одбраната. Сега ќе биде одговорен за логистиката на оружените сили. Руското воено раководство под министерот Сергеј Шојгу неодамна беше критикувано во круговите блиски на Кремљ. Руските сили се повлекоа од источниот украински регион Харков под притисок на украинската контраофанзива пред две недели.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе