Словенија ги враќа мерките, сѐ личи на почетокот на епидемијата во март

Словенија по два месеци остри мерки како затворање на земјата и сите локали освен продавниците за храна, аптеките и болниците воведува нови мерки.

EPA-EFE

Словенија успеа да го сведе бројот на заразените од крајот на мај до 20 јуни на нула инфицирани, но во последните десетина дена тие бројки растат.

Словенија враќа дел од мерките, а наскоро почнува контрола на патниците со двојни државјанства.

Во средата беа забележани 13 нови случаи. Постојат жаришта, како што е градот Марибор, во кој во здравствениот центар се заразени најмалку седум здравствени работници.

Епидемиолозите и политичарите излегоа со податоци дека најголемиот број случаи откриени во Словенија потекнуваат од луѓе од БиХ и Србија кои го донеле вирусот.

Поради тоа земјата не дозволува луѓе со српски и босански пасош да престојуваат во не, освен во посебни услови, како погреб или нешто слично, или да имаат потврда за престој во Италија или Австрја.

Во Словенија се вратени дел од мерките како задолжително носење маска, не работат сѐ уште сите затворени простори. Дискотеките не ни почнаа со работа. Ситуацијата почнува да личи на таа на почетокот март.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе