Словенечкиот премиер предупреди на информациската војна на Москва на Балканот

Словенечкиот премиер Робер Голоб предупреди за руското влијание на Балканот и дека земјите од овој регион мора да „сковаат планови“ за да се спротивстават на очигледното руско влијание на јавноста и „информациската војна“ која доаѓа од Москва.

EPA-EFE

Во интервју за британски Би-би-си, Голоб кажа дека „делови од балканското население се наклонети на ставовите на Москва и затоа со владите на Балканот треба да се работи на тоа да се приближат кон европскиот став“.

„Но, наклонетоста на населението кон Русија мора да го вкалкулираме, а не да го игнорираме, и да најдеме кревка рамнотежа“, предупреди словенечкиот премиер.

Како што пренесуваат словенечките медиуми, тој предупреди и на досегашните грешки на Западот во однос на Русија од што, како што кажа, треба да се извлечат поуки.

„Настаните во Украина може ќе се одвиваа поинаку ако НАТО во однос на Русија постапуваше како што постапува кон Кина. Тоа е лекција која мора да ја научиме“, кажа Голоб.

Тој најави забрзување на напорите Словенија што побрзо да ја постигне целта за финансирање на својата војска со 2 отсто од БДП, според договорите на НАТО, и истакна дека неговата влада ќе го смени претходниот план тоа да се постигне дури во 2030 година.

„Јас верувам дека словенечкиот војник на Балканот може повеќе да придонесе отколку во некој друг регион кој помалку го познава“, кажа Голоб во врска со акцискиот план на западниот воен пакт за јакнење на источното крило кон Русија.

Тој план, според него, ќе ја содржи и оценката која членка може во одделен регион да даде компаративно гледано поголем придонес од другите.

„Тоа секако значи дека Словенија мора детално да ја разгледа досегашната одбранбена и безбедносна доктрина, но секогаш во рамки на НАТО. Бидејќи само во НАТО и преку заедништвото на сите членки можеме да бидеме успешни во соочувањето со идните предизвици“, истакна Голоб.

Додаде дека неговата влада во рок од неколку месеци ќе донесе план за зголемување на буџетските средства за војската за да се прилагоди на новата ситуација и промената на доктрината на НАТО.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе