Словенците се спремаат за масовно вакцинирање, им фалат вакцини

Словенија месецов ќе почне да спроведува масовна акција на вакцинирање во рамки на која ви сакала да вакцинира 500 до 600 илјади жители, но со оглед на недостигот од вакцини, реално би биле околу 240 илјади луѓе, пренесува хрватски Индекс.

EPA-EFE

„Организирани сме така да можеме месечно да вакцинираме 500 до 600 илјади луѓе, што значи околу 30.000 секој ден“, кажа координаторот на словенечката влада за вакцинира Јелко Казин пред љубљанскиот саем, каде што ќе се одвива масовното вакцинирање.

Според него, Словенија утре очекува 24.000 дози од вакцината на Астра Зенека, уште 15.000 има во резерва, а 40.000 дози се очекуваат на почетокот на следната недела. Тие дози ќе се искористат за вакцинирање на наставниците и персоналот во училиштата и градинките, што во овој момент е приоритет поради скорото отворање на средните училишта, како и за продолжување на имунизацијата на постарото население.

Кацин кажа дека вакцината на Астра Зенека, која доаѓа во поголемо количество, е многу ефикасна и безбедна и дека по втората доза оние кои се вакцинирани со неа се заштитени од болеста девет месеци.

Словенија во март чека вкупно 100.000 дози од вакцината на Астра Зенека, 30.000 дози од Модерна и нешто помалку од 100.000 од вакцината на Бајонтек/Фајзер.

Во земјата во моментов има 10.750 активни случаи на зараза, а со новите 11 смртни случаи во последните 24 часа бројот на починати од компликации со вирусот се искачи на 3.874. Досега во земјата се вакцинирани нешто повеќе од 125 илјади жители.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе

Отворено писмо до претседателот Пендаровски и  академска фела во Македонија.

повеќе