Коронавирус

Словачка воведува комплетна забрана за движење од 8 до 13 април

Словачка планира да воведе целосна забрана за движење на граѓаните од 8 до 13 април.

Ова се воведува за да се спречи ширењето на новиот коронавирус, соопшти вечерва словачкиот премиер Игор Матович, што ќе претставува забрана што ќе се применува пред и за време на Велигден.

Матович рече дека од мерката ќе бидат изземени само оние што излегуваат за да одат на работа, во продавница за храна, во посета на лекар, на погреб или да му помогнат на друго лице, пренесува ТАСР.

Според него, целта на овие мерки е да се избегне непотребно патување и средби, а со тоа и непотребно ширење на заразата, пренесува Ројтерс.

Во Словачка, за време на Велигден обичај е да се посетуваат роднини и пријатели.

Матович најави дека указот ќе биде усвоен утре на седница на владата.

За да се спречи ширењето на коронавирусот во Словачка досега е забранет меѓународниот патнички сообраќај, сите јавни настани, затворени се училиштата и повеќето продавници.

Досега во Словачка се разболеа 485 лица, а едно лице почина.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе