Сѐ поголеми немири во Филаделфија поради убиството на црнецот, се воведува полициски час (ВИДЕО)

Филаделфија од ноќеска воведува полициски час во обид да се спречат грабежите и насилството за време на ноќните протести кои избија откако полицијата уби Афроамериканец, објави кабинетот на градоначалникот.

EPA-EFE

Полицискиот час стапува на сила во девет часот навечер и ќе трае до шест часот наутро во четврток.

Од понеделник траат протестите откако полицијата го застрела 27-годишниот Волтер Волис кој им се спротивставил на силите на редот и бил вооружен со нож. Неговото семејство тврди дека имал психички нарушувања и дека се лекувал.

Полицајците излегле на терен по повикот во кој било пријавено дека маж има нож. Волис и покрај барањата на полицајците одбил да го фрли ножот, соопшти Ерик Грип, портпарол на филаделфиската полиција.

Неколку часа по убиството околу триста демонстранти излегле на улиците за да го израза незадоволството од полициското насилство и расизмот, при што се судриле со полицијата. Меѓу полицајците имало 39 повредени, а повеќе повреди ги добиле од предмети фрлени во нив.

Бранот антирасистички протести, проследени со насилство, ја тресе Америка по убиството на Џорџ Флојд, црнец на кој на крајот на мај полицаец белец му клечеше на вратот речиси десет минути при приведување.

Филаделфија е најновото во низата жаришта во САД околу прашањето на расната еднаквост и прекорачувањето на полициската сила.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе