„Сѐ е во ред“: Кремљ ги отфрли гласините дека Путин е болен

Кремљ вчера соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин е во добра здравствена состојба, отфрлајќи ги гласините дека лидерот не се чувствува добро како целосно неосновани.

Фото: ЕПА

„Сè е во ред со неговото здравје“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Шпекулациите за здравјето на 69-годишниот Путин се интензивираа откако тој ја почна инвазијата на Украина во февруари.

„Украинските, американските и британските ‘специјалисти’ за информации во последните месеци исфрлаат разни лаги за состојбата на здравјето на претседателот. Тоа не се ништо друго освен лаги“, додаде Песков.

Откако Путин беше виден како кашла на форум во средата, тој рече дека малку настинал додека седел под климатизер за време на неговата посета на Иран претходно оваа недела, пренесува Москва тајмс.

„Вчера беше многу топло во Техеран... Климата таму беше многу жестока. Се извинувам“, рече претседателот.

Снимката од Путин како слегува од својот авион по пристигнувањето во Техеран исто така поттикна шпекулации дека тој е нестабилен на нозе.

Директорот на ЦИА, Вилијам Брнс, запрашан за ова на безбедносниот форум во САД во средата, се пошегува дека Путин е и „премногу здрав“.

Рускиот претседател често е во јавноста од почетокот на војната во Украина на 24 февруари, со полни агенди на состаноци и разговори, вклучително и голем број странски патувања изминатиов месец.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Почнавме со спротивставени мислења околу Законот за работни односи, со кој недела се прогласува за неработен ден. Завршивме на Уставен суд.

повеќе

Да ги споменеме и другите големи глобални предизвици: големите опасности од еколошка катастрофа; зголемувањето на нееднаквоста во нашите општества; и напливот на нови технологии кои можат да го нарушат светот доколку истите не бидат соодветно користени и контролирани.

повеќе

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе