Блокадите се засилени

Ситуацијата на Косово е потензична отколку во претходните денови, српската војска во готовност (ФОТО+ВИДЕО)

Граѓаните незадоволни од одлуката на Приштина за замена на регистарските таблички и понатаму протестираат на северот на Косово, каје административните премини Јариње и Брњак. Таму сè уште се распоредени специјалните сили на косовската полиција РОСУ.

EPA-EFE

На административните премини Јариње и Брњак ситуацијата е мирна, но тензична.

Граѓаните на северот на Косово ги зајакнаа денес со песок барикадите со кои ги блокираа патиштата кон премините Јариње и Брњак во знак на протест поради указот на косовската влада за реципроцитет со Србија за регистарските таблички.

Портпаролот на косовската полиција Баки Кељани изјави дека ситуацијата на северот на Косово е непроменета и дека нема инциденти.

„Ситуацијата е речиси иста. Има барикади од двете страни. Сега е додаден и песок. Ситуацијата е генерално мирна“, кажа Кељани за Радио слободна Европа.

Според најновите информации од преминот Брњак, на медиумите не им е дозволено да им се доближуваат на припадниците на РОСУ.

Екипа на Косово онлајн се обидела од припадник на специјалната полиција да добие изјава за денешниот инцидент, во кој припадници на РОСУ претепале тројца Срби.

Еден од припадниците на специјалните сили ги вратил назад, кажувајќи дека „не е дозволено на припадниците на РОСУ да им се приоѓа на 20 до 30 метри“ и дека фотографирањето е строго забрането.

На прашањето зошто е така бидејќи на преминот Јариње нема таква забрана, полицаецот одговорил: „Тука е поинаква ситуацијата“.

Српската војска е во прв степен на готовност

Министерот за одбрана на Србија Небојша Стефановиќ и началникот на генералштабот на српската војска генералот Милан Мојсиловиќ посетија дел од српските воени сили, кои се во прв степен на готовност.

Министерот за одбрана на Србија порача дека единиците на српската војска се во повишена борбена готовност во гарнизоните Рашка и Нови Пазар, бидејќи на тој начин државата сака да испрати јасна порака дека повеќе нема да се случи погром на српскиот народ.

„Нашата војска не провоцира, но е спремна да го заштити народот доколку се случи што било што ќе го загрози неговиот живот. Важно ми е што гледам дека овие луѓе се расположени и спремни. Опремата и техниката се во вистинските раце на професионалците“, истакна српскиот министер.

Стефановиќ додаде дека очекува реакција од ЕУ и КФОР, но дека во моментов е најважно да се заштитат животите на Србите.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе