Сирија го одбранила Дамаск од ракетен напад, ракетите дошле од Израел (ВИДЕО)

Сириската противвоздушна одбрана пресретнала неколку ракети над Дамаск синоќа кои дошле од југозападот преку Голанската висорамнина под контрола на Израел, јавија сириските државни медиуми.

Официјалната новинска агенција САНА, повикувајќи се на воени извори, објави дека противвоздушната одбрана веднаш ги пресретнала и соборила непријателските ракети кои нешто пред полноќ дошле од насока на окупираната Голанска висорамнина.

Ракетите, кои неофицијално ги испукал Израел, целта им бил југозападниот дел на Дамаск, изјави за агенцијата ДПА сириски воен извор.

Жителите на таа област слушнале експлозии и јужно од главниот град и во близина на меѓународниот аеродром во Дамаск.

 

Израелските воздушни сили и претходно изведуваа слични удари врз цели во Сирија, со објаснување дека се обидуваат да спречат Иран да изгради воени влијание во регионот.

Сириската опсерваторија за човекови права месецов изнесе податок дека израелските воздушни напади во регионот на Дамаск досега убиле најмалку 23 припадници на сириските владини сили и нивните ирански сојузници

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе