Во голем дел украински региони е прогласено предупредување за воздушни напади, според интернет-сервисот „Воздушни опасности во Украина“, пренесува ТАСС.
Во Дњепропетровск е прогласена тревога за воздушен напад, како и во регионите Полтава, Черкаската, Кировоградската, Николаевската и Харковската област, а исто така и во делот на регионот Запорожје што е под контрола на Киев.
И во текот на ноќта ечеа сирените за воздушен напад во регионите Киев, Черкаси и Кировоград во Украина, јави ТАСС.
Русија почна со секојдневни воздушни напади по експлозијата минатиот месец на Керчкиот мост што ја поврзува земјата со полуостровот Крим.