Силни поплави во Јужноафриканската Република, загинаа над 250 луѓе (ФОТО)

Бројот на загинати во Јужноафриканската Република по разорните поплави се искачи на повеќе од 250, јавува Ројтерс. Официјалните лица ја нарекоа една од најлошите временски бури во историјата на државата. Одроните заробија луѓе во зградите, а се очекуваат и нови поплави.

Фото: ЕПА

Поплавите се случија во провинцијата КваЗулу-Натал, чиј најголем град е Дурбан, големо јужноафриканско пристаниште. Сè уште се видливи сцени на уништување низ целата област. Некои од патиштата до пристаништето Дурбан се непроодни, откако надојдената река исфрли кал и отпад на патиштата.

Работите на пристаништето сега се прекинати. Магацин за транспортни контејнери во близина на автопатот бил тешко погоден, а стотици контејнери биле однесени од поплавата. Владата ги повикува луѓето да избегнуваат поплавени патишта и мостови и да се евакуираат на повисоки места доколку живеат во пониски области.

Претходно оваа година, регионот бил погоден од три циклони и две тропски бури за шест недели, кои првенствено ги погодија Мадагаскар, Мозамбик и Малави и предизвикале голема штета со 230 пријавени смртни случаи.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе