Силен земјотрес во Индонезија. Најмалку 20 загинати, над 300 повредени (ВИДЕО)

Најмалку 20 лица загинаа, а над 300 се повредени во земјотресот со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала што ја погоди индонезиската покраина Западна Јава.

Фото: ЕПА

Херман Сухерман, владин функционер од Сианџур, град во Западна Јава каде што бил епицентарот на земјотресот, изјави за МетроТВ дека до 20 лица починале во болница во таа област.

„Според информациите што моментално ги имам, речиси дваесет лица починаа само во оваа болница, а најмалку 300 се лекуваат. Повеќето имаат скршеници откако биле заробени во урнатините на зградите“, рече тој. Националната агенција за катастрофи објави 14 смртни случаи.

„Ова е од една болница, има четири болници во Сијанџур“, рече тој, додавајќи дека е можно бројот на загинати и повредени да се зголеми, пренесе Ројтерс.

АФП подоцна објави дека над 40 лица загинале. Бројот на загинати најверојатно ќе се зголеми.

Епицентарот на земјотресот бил на околу 75 километри југоисточно од Џакарта, на длабочина од 10 километри, соопшти метеоролошкиот и геофизичкиот институт БМКГ, додавајќи дека нема опасност од цунами. Земјотресот бил почувствуван неколку секунди во главниот град на Индонезија, Џакарта.

Некои се евакуирале од канцелариите во централната деловна област на Џакарта, додека други изјавиле дека почувствувале како зградите се тресат и гледале како се движи мебелот, изјавија очевидци за Ројтерс.

Шефицата на БМКГ, Двикорита Карнавати, им се обрати на новинарите во зградата на парламентот и ги советуваше жителите да останат на отворено во случај на последователни потреси. Суко Прајитно Ади од БМКГ рече дека властите го проверуваат степенот на штетата предизвикана од земјотресот.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе