Земјотрес со интензитет од 6.4 степени според Рихтеровата скала го погоди брегот на Јужна Суматра во Индонезија.
Германскиот истражувачки центар за геонауки ГФЗ ја соопшти оваа информација, а пренесе Ројтерс.
Земјотресот бил на длабочина од 10 километри, додаваат од ГФЗ.
Агенцијата за метеорологија, климатологија и геофизика на Индонезија соопшти дека епицентарот на земјотресот бил во морето на околу 64 километри од брегот, но дека нема опасност од можно цунами.
Во близина на индонезискиот остров Суматра на 26 декември 2004 година се случи еден од најразорните земјотреси, со јачина од 9 степени според Рихтеровата скала. Над 230.000 луѓе загинаа во 14 земји, од кои повеќето во Индонезија.