Силен топлински бран доаѓа во Западна Европа, температурите со денови ќе бидат екстремни

Западна Европа се подготвува за силен топлински бран, кој втор викенд по ред ќе донесе екстремно високи температури, пишува Си-ен-ен.

EPA-EFE

Англија утре ќе се доближи до најголемата температура оваа година, која беше достигната минатата недела. Највисоката температура в петок ќе се доближи до историскиот рекорд од 38,7 Целзиусови степени, кој беше забележан во јули минатата година, покажува прогнозата на УК мет офис.

Службата за временска прогноза веќе издаде предупредување за деловите на Англија во кои температурата викендов ќе порасне до речиси 37 степени. Но се очекува овој пат жештините во Лондон и околните области да се задржат најмалку седум дена.

„Иако овој топлински бран можеби нема да донесе толку високи температури како минатата недела, жегата ќе се задржи значително подолго. Минатата недела жештините беа проблематични само ден или два. Овој топлински бран ќе потрае во овој регион најмалку пет дена, а градовите како Париз ќе чувствуваат температури над 36 степени секој ден од петок до понеделник“, кажа метеорологот на Си-ен-ен Тејлор Ворд.

За главниот град на Франција се предвидува температурата да биде повисока од 32 степени секој ден низ целата следна недела. Во Белгија во некои места во недела ќе биде и до 14 степени потопло од просекот, со највисоки температури од 32 степени. Во Брисел за време на викендот ќе биде 34 или 35 степени. Во Амстердам и други делови на Холандија би можело за време на викендот да затопли до 32 степени. Натпросечно топло во Западна Европа би можело да остане во следните девет дена.

„Кога топлинскиот бран трае олку долго, ефектите можат да се мултиплицираат. Многу домаќинства во овој регион немаат клима-уреди и кога температурите ќе се качат до околу 35 степени, зградите не можат да се оладат, што ги доведува во опасност луѓето, особено постарите и оние со здравствени проблеми“, заклучи Ворд.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Добро е, во прво време, г. премиер, да го поттикнете Вашиот министер за култура да најде погодна форма да се преобјави книгата „По повод најновиот напад на нашиот јазик“ од Конески, пишува професорот Атанас Вангелов во отворено писмо до премиерот Зоран Заев.

повеќе

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе