Сиднеј под вода: евакуација на жителите, нивото на водата се зголемува (ФОТО+ВИДЕО)

Големи области на најголемиот австралиски град во неделата беа под вода поради обилните врнежи што предизвикаа сериозни поплави во ниските области - во некои предградија нивото на водата достигна 1,5 метар.

 

Државната служба за итни случаи на Нов Јужен Велс ги советуваше жителите на неколку области да се евакуираат, предупредувајќи дека дождот нема да престане барем до понеделник.

Медиумите јавуваат дека од почетокот на месецот на подрачјето на Сиднеј веќе паднал четири пати повеќе дожд отколку што вообичаено паѓа во текот на целиот јули.

Австралиската метеоролошка служба предупреди дека нивото на водата во регионот би можело да се зголеми барем толку колку што беше во март, кога големи делови од истите области на градот доживеаја сериозни поплави.

Водата над браната Варагамба веќе е прелеана.

Метеорологот Џонатан Хов изјави за Еј-би-си дека во селото Менангл, околу 70 километри југозападно од Сиднеј, нивото на реката веќе достигнало 16,5 метри, што е малку помалку од рекордот од 16,8 метри постигнат во април 2022 година.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе