НАЈГОЛЕМИОТ СЕРИСКИ УБИЕЦ ВО РУСИЈА

Сибирскиот „ловец на проститутки“ призна уште 59 убиства на жени (ВИДЕО)

Поранешниот полицаец кој станал сериски убиец од сибирскиот град Ангарск, Михаил Папков, призна дека убил најмалку уште 59 жени, две години откако доби доживотна казна затвор за 22 убиства. Како мотив за злосторствата ја навел желбата „да ја исчисти татковината од проститутки“, пренесуваат агенциите.

Папков сега е обвинет за 47 нови убиства, а новиот број на неговиот жртви може да достигне 81, со што тој ќе го надмине озлогласениот Андреј Чкатило, кој беше погубен во 1994 за убиство на најмалку 52 лица.

Михаил Папков има 52 години и себеси се нарекува „ловец на проститутки“. Руското јавно обвинителство, меѓутоа, го оцени тоа како бесмислица и го смета за обичен сериски убиец. Во интервју за руските медиуми, Папков не покажал ни најмало каење.

„Што вредат зборовите, семејствата на жртвите и онака не би ми верувале. Ги разбирам и јасно е од нивните очи дека доживотниот затвор не е доволна казна“, вели тој.

Потерата по Папков траела 20 години, а на крајот го разоткриле трага од автомобилска гума и копче од неговата полициска униформа.

За да дојдат до ДНК од извршителот, властите ги ексхумирале жртвите и тестирале над 3.000 осомничени.

Евгенија Протасова, една од жртвите, тешко ја повредил, но преживеала. „Мене не ме силуваше, но безмилосно ме тепаше, едноставно сакаше да ме убие“, изјави таа за руска телевизија.

Најголемиот сериски убиец во историјата на Русија е најверојатно одговорен за најмалку 81 човечки живот. Едно е сигурно – тој повеќе никогаш нема да биде слободен, бидејќи во таа земја доживотниот затвор значи буквално „до крајот на животот“.

Декемврискиот извештај на Мeѓународната кризна група и платформата на трите партии на македонските Албанци.

повеќе

Изминатите неколку дена Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА) објави неколку милиони документи во врска со нивната работа, меѓу кои илјадници документи се однесуваат на СФРЈ и Македонија. 

повеќе

Искрено, сметам дека Трамп нема многу да се посвети на Македонија и на Балканот, како што некои мислат.

повеќе