Си-ен-ен: Трамп ѝ направи многу штета на Америка, но сега го направи најдоброто нешто досега

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ѝ направи многу штета на Америка во последните пет години, најмногу со поттикнување на лажното тврдење дека претседателските избори во 2020 година биле наместени, пишува Си-ен-ен. Но оваа недела тој направи нешто навистина добро, додаваат тие.

Фото: ЕПА

Во интервјуто со конзервативната коментаторка Кендис Овенс Трамп не само што ги отфрли нејзините тврдења дека повеќе луѓе починале откако вакцината за ковид-19 стана достапна, туку и даде јасен аргумент луѓето да се вакцинираат, коментира Крис Силиза за Си-ен-ен.

„Не, вакцината функционираше, но некои луѓе не ја земаат. Оние што многу се разболуваат и завршуваат во болница се оние што не се согласиле да се вакцинираат. Луѓето не умираат кога ќе се вакцинираат“, рече Трамп.

Тоа, се разбира, е сосема точно. Студија по студија покажуваат дека три дози од вакцината против ковид-19 и понатаму добро штитат од хоспитализација и смрт, дури и од сојот омикрон, кој ја зафати Америка. Но исто така е многу важно тоа што токму Трамп го наведува тој факт, бидејќи бројките покажуваат не само дека републиканците се многу помалку вакцинирани од демократите, туку и дека се помалку свесни за ризиците што им ги носи вирусот.

Како што месецов истакна Зек Волф од Си-ен-ен, „демократските сојузни држави што гласале за претседателот Џо Бајден генерално се вакцинирани со повеќе од 60 проценти. Републиканските држави што го фаворизираа поранешниот претседател Доналд Трамп генерално се под тој просек“.

Не се знае дали застапувањето на Трамп за вакцините ќе биде доволно за да се премислат некои од неговите најжестоки поддржувачи. Поранешниот претседател беше исвиркан неделава кога призна дека примил трета доза вакцина и тоа прашање, за многумина невакцинирани, е претворено во политичка, а не во јавноздравствена тема.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе