Советниците на американскиот претседател Џо Бајден започнаа внатрешна дебата за тоа како и дали украинскиот претседател Володимир Зеленски треба да ја промени својата дефиниција за украинската победа прилагодувајќи се на можноста неговата земја да е неповратно намалена.
Американските власти изјавија за Си-ен-ен дека оваа песимистичка оценка не значи дека Соединетите Држави вршат притисок врз Украина да направи какви било формални територијални отстапки на Русија за да се стави крај на војната.
Сепак постои надеж дека украинските сили ќе можат да вратат значителни делови од територијата при евентуална контраофанзива подоцна оваа година.
Помошник на Конгресот изјави дека помала украинска држава не е неизбежна.Тој истакна дека Украина официјално побарала најмалку 48 повеќекратни ракетни системи од Соединетите држави, но дека до денес Пентагон вети само осум.
Не се сите во администрацијата толку загрижени. Некои веруваат дека украинските сили повторно би можеле да им пркосат на очекувањата, како што направија во раните денови од војната кога одбија руски напредок кон украинскиот главен град Киев.
Советникот за национална безбедност Џејк Саливан остана во контакт со неговите украински колеги началникот на украинската одбрана и началникот на здружениот штаб и со часови разговараше за напорите на Украина за враќање на територијата, изјавија официјални лица.
Растечкиот песимизам доаѓа кога американскиот претседател Џо Бајден се среќава со американските сојузници во Европа, каде што ќе се обиде да пренесе сила и оптимизам за траекторијата на војната додека ги собира лидерите да останат посветени на вооружување и поддршка на Украина во средината на брутална борба.