Таа промена не само што значително ќе го зголеми бројот на Украинците што се обучени од американската војска, туку и разните видови обука.
Во моментов, Украинците се главно обучени во релативно мали групи да користат конкретно оружје.
Но доколку програмата драстично се прошири, како што сугерираат најавите, Си-ен-ен пренесува дека „значително поголеми групи украински војници би добиле обука за употреба на софистицирани тактики на бојното поле“.
Освен тоа, проширувањето на програмата за обука би значело „многу поинтензивна и сеопфатна обука“ од она што Украинците моментално го добиваат во Британија или во Полска. Администрацијата на американскиот претседател во моментов го разгледува предлогот за драстично проширување на програмата за обука.