Двете земји „мора да избегнат секаков конфликт или конфронтација и меѓусебно да се почитуваат во духот на меѓународната соработка“ за да ја промовираат „благородната идеја“ на мирот и развојот, наведе во честитката кинескиот претседател.
Тој порача и дека меѓународната заедница „очекува здрави и стабилни“ односи на Кина и САД.
Кина е една од последните големи земји која му ја честиташе на Бајден победата на претседателските избори, одржани на 3 ноември.