Си Џинпинг: Мора да ја разберете Комунистичката партија за да ја разберете Кина

Ако сакате да ја разберете денешна Кина, мора да ја разберете Комунистичката партија на Кина, рече кинескиот претседател Си Џинпинг на церемонијата на отворањето на Меѓународната конференција „Разбирање на Кина" (Гуангжу) 2021 година, објави Кинеската медиумска група (ЦМГ).

Фото: ЕПА

Во видео-говорот од Пекинг, Си рече дека во текот на изминатите сто години, од своето основање, Комунистичката партија на Кина го обединила и го предводела кинескиот народ во неговите непрекинати борби, што, како што истакна, фундаментално ја променило иднината и судбината на кинескиот народ, а исто така длабоко влијаело на текот на светската историја.

Комунистичката партија на Кина ќе се држи до патот на мирен развој, ќе инсистира на политиката на отворање кон светот, унапредување на изградбата на заедницата со заедничка иднина на човештвото и промовирање на заеднички вредности на мир, развој, праведност, правда, демократија и слобода за целото човештво, рече Си.

Тој истакна дека Комунистичката партија на Кина секогаш ќе биде градител на светскиот мир, ќе придонесува за глобален развој и ќе го брани меѓународниот поредок и ќе настојува да даде нов и поголем придонес во напредокот на човечката цивилизација и светскиот мир и развој.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе