Шведската крајбрежна стража објави дека повеќе не тече гас од Северен тек

Повеќе не се гледа дека истекува гас од гасоводот Северен тек, објави денес шведската крајбрежна стража откако ги прелетала тие води за да ја процени ситуацијата.

EPA-EFE

Истекување на гас во шведскиот ексклузивен економски појас повеќе не е видливо, објави шведската крајбрежна стража, по контролата на тоа подрачје вчера и денес.

Властите во средата кажаа дека сè уште може да се видат меурчиња како излегуваат од цевководот Северен тек 2 создавајќи бранови на водата во дијаметар од околу 10 метри.

На крајот на септември двата крака на гасоводот беа оштетени во експлозии на четири места, две во шведските води и две во данските.

Се верува дека станува збор за саботажа и отворена е истрага. Инцидентот се случи во момент на високи тензии меѓу САД и Русија околу војната во Украина.

Данските власти објавија претходно месецов дека не веруваат дека гас сè уште истекува од гасоводот во нивната економска зона.

Москва ги отфрли западните тврдења дека може да е одговорна за оштетувањата на гасоводот и покажува со прст кон Вашингтон.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Почнавме со спротивставени мислења околу Законот за работни односи, со кој недела се прогласува за неработен ден. Завршивме на Уставен суд.

повеќе

Да ги споменеме и другите големи глобални предизвици: големите опасности од еколошка катастрофа; зголемувањето на нееднаквоста во нашите општества; и напливот на нови технологии кои можат да го нарушат светот доколку истите не бидат соодветно користени и контролирани.

повеќе

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе