Целта на шведската премиерка Магдалена Андерсон е земјата веќе оваа година да стане членка на НАТО, велат упатени извори за Дагбладет.
Шведска ќе поднесе барање за членство во воената алијанса на крајот на јуни оваа година, пишува весникот.
Русија се закани дека ќе ја „ребалансира ситуацијата“ во случај Шведска и Финска да влезат во НАТО. Портпаролката на руското министерство за надворешни работи оваа година се закани со „политички и воени последици“ доколку Шведска и Финска се приклучат на НАТО.