Шведска носи нов закон за да им го олесни на граѓаните плаќањето на високите сметки за струја

Шведската влада соопшти дека ќе донесе закон кој ќе го примора операторот на јавната мрежа за пренос на електрична енергија во земјата да помогне во ублажувањето на очекуваните високи сметки за струја оваа зима за шведските домаќинства и претпријатија.

EPA-EFE

Премиерката Магдалена Андерсон, чија малцинска влада на социјалдемократите ја очекуваат парламентарни избори следниот месец, кажа дека тој предлог ќе чини најмалку 30 милијарди круни (2,9 милијарди долари).

Таа кажа дека јавното претпријатие, задолжено за обезбедување на шведскиот систем за пренос на електрична енергија, ќе добие средства од 60 милијарди круни.

„И на сопствениците на домови и на сопствениците на фирми им се лоши кога ќе помислат на сметките за струја за зимата“, кажа Андерсон.

Шведската премиерка кажа дека таа мерка е неопходна имајќи ги предвид високите трошоци за енергија поради руската инвазија на Украина, додавајќи дека таа нема да му дозволи на рускиот претседател Владимир Путин „да ги држи шведските домаќинства и шведската индустрија како заложници“.

„Кога станува збор за енергетскиот сектор, имаме нешто што многу личи на воена економија“, додаде Андерсон.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе