Шведска не ја препорачува вакцината за деца од 5 до 12 години

Шведска одлучи вакцината против ковид-19 да не ја препорачува на деца на возраст меѓу 5 и 12 години, објави во четвртокот шведската здравствена агенција.

„Со знаењето што го имаме денес за малиот ризик од сериозни заболувања кај децата, не ја гледаме јасната корист од нивната вакцинација“, рече на прес-конференција службеничката на агенцијата Брита Бјоркхолм.

Таа нагласи дека оваа одлука може да се промени доколку истражувањата доведат до нови сознанија или ако нова варијанта го промени текот на пандемијата. Децата во ризични групи веќе ја примаат вакцината.

Шведска, и покрај ограниченото тестирање, имаше повеќе од 40.000 нови случаи на зараза на 26 јануари, што е рекорден број. Но, иако четвртиот бран руши рекорди на бројот на заразени, здравствениот систем не е под толкав притисок како во претходните бранови.

Во четвртокот на интензивна нега имаше 101 пациент, далеку под 400 во пролетта 2021 година. Во Шведска, земја која беше критикувана на почетокот на пандемијата за либералните мерки во борбата против вирусот, починаа вкупно 16.000 луѓе.

Шведската влада во средата ги продолжи ограничувањата кои вклучуваат ограничено работно време за рестораните и бројот на посетители на настани во затворени простори. Мерките се продолжени за две недели и владата се надева дека ќе ги укине на 9 февруари.

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе