Шведска испраќа дипломати во Турција на разговори за членството во НАТО

Шведска ќе испрати дипломати во Турција во обид да ги надминат приговорите на Анкара на нејзиниот план за пристап во НАТО, рече министерот за одбрана Питер Хултквист, а се очекува подоцна истиот ден да биде донесена официјална одлука за поднесување апликација за членство во НАТО.

Фото: ЕПА

Владејачките социјалдемократи се откажаа во неделата по 73 години противење за влез во НАТО. Тие изразија желба брзо да се приклучат на НАТО, напуштајќи ја повеќедецениската политика на неутралност откако Русија изврши инвазија на Украина.

Соседна Финска вчера потврди дека официјално ќе поднесе барање за членство во НАТО.

Сепак, Турција ги изненади своите сојузници во НАТО велејќи дека нема позитивно да гледа на барањата на Финска и Шведска, а претседателот Таип Ердоган рече дека „скандинавските земји се рај за терористички организации“.

„Ќе испратиме група дипломати на разговори со Турција за да видиме како ова може да се реши и за што всушност се работи“, изјави министерот за одбрана Питер Хултквист за јавниот сервис СВТ.

Турција соопшти дека сака скандинавските земји да престанат да ги поддржуваат курдските милитантни групи присутни на нивната територија и да ја укинат забраната за продажба на одредени оружја на Турција.

НАТО и САД велат дека се убедени дека Турција нема да го запре членството на Финска и Шведска.

Секоја одлука за проширување на НАТО бара одобрение од сите 30 членки на алијансата и нивните парламенти, но дипломатите рекоа дека Ердоган ќе биде под притисок да попушти бидејќи Финска и Шведска во голема мера ќе го зајакнат НАТО во Балтичкото Море, пренесува Ројтерс.

„Уверен сум дека ќе можеме да одговориме на загриженоста изразена од Турција на начин што нема да го одложи членството“, изјави во неделата генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Шведскиот парламент ќе расправа за членството во НАТО во понеделник, а одлуката треба да биде само формалност бидејќи големо мнозинство пратеници го поддржуваат членството во НАТО.

Владата ќе донесе официјална одлука за поднесување барање подоцна во текот на денот, рече Хултквист.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе