Шведска и Финска утре заедно ќе поднесат барања за членство во НАТО

Шведска и Финска во среда заеднички ќе ги поднесат своите барања за членство во НАТО, изјави во вторник шведската премиерка Магдалена Андерсон.

Фото: ЕПА

„Во Шведска и Финска се согласуваме целиот овој процес да го поминеме заедно, а утре ќе поднесеме барања“, рече Андерсон на заедничката конференција со финскиот претседател Саули Нинисто во шведската метропола.

„Финска и Шведска имаат долга заедничка историја. Сега ќе имаме и заедничка иднина“, додаде Андерсон.

Финскиот парламент во вторникот се изјасни за влез во НАТО со огромно мнозинство од повеќе од 95 отсто од гласовите, дозволувајќи му на Хелсинки да испрати формално барање за членство до седиштето на Северноатлантскиот сојуз.

Истиот ден, шведската министерка за надворешни работи Ен Линде го потпиша барањето на својата земја за членство во НАТО.

Иако Финска и Шведска се историски неутрални, руската инвазија на Украина радикално го промени јавното мислење за приклучување на воениот сојуз. Со исклучок на Анкара, другите членки на НАТО ја поддржуваат кандидатурата на двете земји.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе