Шведска ги ублажува препораките за постарите. Здравствената агенција: Втор бран не доаѓа

Постарите Швеѓани може да ја прекинат изолацијата, објави владата, посочувајќи на пониските стапки на инфекција со коронавирус отколку во пролетта и на зголемената потреба да се земе предвид и менталното здравје на старите лица.

Фото: ЕПА

Многу земји низ цела Европа повторно воведуваат ограничувања за да се справат со порастот на новозаразените, но шведската здравствена агенција вели дека нема знаци за втор бран на коронавирусот во Шведска.

Шведска зазеде поинаков пристап од повеќето европски земји во борбата против пандемијата. Се потпираше на промовирање на физичко растојание, но ги изолира домовите за стари лица поради високата стапка на смртност меѓу нив.

Бројот на новите случаи во оваа нордиска земја континуирано расте во последните неколку недели, но е на пониско ниво во однос на бројот на жителите за разлика од другите европски земји, каде што секој ден се поставуваат нови рекорди.

Во Шведска вкупно има околу 107.000 заразени и 5.900 починати.

„Агенцијата за јавно здравје донесе одлука постарите лица и оние што се во особено ризични групи да бидат подложени на истите препораки како и остатокот од населението“, им рече на новинарите министерката за здравство Лена Халенгрен, пренесе Ројтерс.

Бројот на смртни случаи во Шведска е многу пати поголем отколку кај нејзините нордиски соседи, но е понизок отколку во земјите што воведоа построги мерки како Шпанија и Италија.

Досега на постарите од 70 години им беше кажано да избегнуваат физички контакт и јавен превоз и да се држат настрана од продавниците и другите јавни простории. Официјални лица велат дека тие мерки ја спуштиле стапката на инфекција, но негативно влијаеле на благосостојбата на многу постари лица.

Агенцијата вели дека со пониски стапки на инфекции, поголемо знаење за болеста и помалку оптоварен здравствен систем отколку во пролетта, постарите лица треба да ги следат препораките што се однесуваат на сите Швеѓани.

Овие вклучуваат избегнување големи собири, останување дома при првите знаци на болест и одржување на физичката дистанца.

Халенгрен предупреди дека тоа не значи враќање во нормала.

„Секојдневниот живот не може да биде како што беше пред пандемијата“, рече министерката за здравство. „Но има многу начини на живот што не се само преживување“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе