Шведска ги ограничува собирите на осум лица, премиерот: Ќе биде полошо

Шведскиот премиер Стефан Лофвен во понеделникот рече дека бројот на лица кои смеат да се собираат се намалува на 8 од сегашните 300.

EPA-EFE/Mika Schmidt

„Ќе биде уште полошо, преземете одговорност и своја обврска во запирањето на заразата. Направете го тоа за себе и за Шведска“, повтори двапати шведскиот премиер Стефан Лофвен, нагласувајќи го секој збор, во денешното драматично и ненадејно обраќање до јавноста.

Притоа најави дека неговата влада од 24 ноември ќе воведе досега најстрога мерка во борбата против пандемијата на коронавирусот, максимум осум лица можат да учествуваат на јавни собири. Досега биле дозволени собири до 300 лица.

Следните две мерки што се разгледуваат се препораката да не се патува надвор од домицилниот регион и по новогодишните празници, сите гимназиски и високообразовни институции да се префрлат на онлајн настава. Двете мерки биле воведени за време на првиот пролетен бран.

Шведска го привлече меѓународното внимание со своите нерестриктивни мерки како одговор на пандемијата, отфрлајќи го затворањето и потпирајќи се на препораките.

Стапката на смртност во Шведска по глава на жител е неколку пати поголема отколку во другите нордиски земји, но од друга страна пониска отколку во некои други европски земји како што е Шпанија.

Јавниот апел на Лофвен произлегува од фактот дека Шведска во изминатите десетина дена се наоѓа под силен удар на вториот бран на инфекцијата, за кој главниот државен епидемиолог Андерс Тегнел со недели тврдеше дека нема да се случи, туку дека Шведска ќе доживее само повеќе локални жаришта.

Бројот на заразени достигна 6.000 на ден, во болниците има околу 1.300 пациенти со коронавирус, а во понеделникот имало 150 тешки случаи на одделенијата за интензивна нега. Со оглед на тоа што шведските лекари имаат три недели да пријават смртен случај, точните податоци за смртноста од ковид-19 доцнат најмалку една недела, но се чини дека во моментов околу дваесетина луѓе умираат од коронавирус секој ден во Шведска.

„Ако не преземеме нешто, за две недели ќе ја имаме истата ситуација како на пролет. Треба подобро да ги следиме заразените и нивните контакти, да препорачаме маски каде што не може да се одржува растојание и да се воведат построги епидемиолошки мерки, како затворање на рестораните и баровите на неколку недели“, рече Фредрик Елг, професор по вирологија во Умеј, за шведската телевизија, повикувајќи се на суштината на ставовите на стручните неистомисленици на Тегнел.

Имено, многумина сметаат дека Тегнел е премногу тврдоглав во својата стратегија и го повикуваат пред сè да го ублажи својот отпор кон маските, односно да препорача нивна употреба во ситуации кога не е можно да се држи растојание. Многумина од неговите критичари, кои сè уште се малку, дури и не го обвинуваат толку многу за изборот на епидемиолошките мерки, колку за ширењето неоснован оптимизам и за одбивање да ги признае заблудите, како што е колективен имунитет, кој едноставно не се случи, и врз кој се засновал оптимизмот оваа есен.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/Mika Schmidt

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе