Швајцарија ја одобри вакцината Фајзер/Бајонтек против коронавирус

Швајцарија ја одобри употребата на вакцината од лабораториите на Фајзер и Бајонтек против ковид-19, објави денеска националното регулаторно тело Свисмедик.

Фото: ЕПА

„По внимателно разгледување на достапните информации, Свисмедик заклучи дека вакцината против ковид-19 од компаниите Фајзер и Бајонтек е безбедна и дека нејзините предности ги надминуваат ризиците“, се вели во соопштението.

Ова е прва вакцина против коронавирус која е официјално одобрена во Швајцарија.

„Бевме во можност да ја донесеме оваа одлука брзо и истовремено да се осигураме дека се почитуваат трите клучни услови, безбедност, ефикасност и квалитет“, рече директорот на Свисмедик, Рамунд Брухин.

Швајцарија, која има 8,6 милиони жители, однапред обезбеди договори за 15,8 милиони дози вакцини против коронавирус од три различни лаборатории - три милиони од Фајзер/Бајонтек, 7,5 милиони дози од американската компанија Модерна и 5,3 милиони дози од Астра зенека.

Овие вакцини бараат две дози по пациент.

Вчера, швајцарската влада објави нови мерки во обид да се потисне епидемијата ковид-19, која продолжува да се шири во дел од земјата.

Швајцарија бележи повеќе од 4.000 новоинфицирани со коронавирус и повеќе од сто мртви секој ден.

Вкупно 400.000 случаи и 6.000 смртни случаи се пријавени во земјата од почетокот на пандемијата.

Вакцината на Фајзер/Бајонтек е одобрена во Соединетите Држави, Велика Британија, каде веќе се започнати вакцинациите, како и во неколку други земји.

Европската агенција за лекови се состанува на 21 декември за да разгледа одобрување за пласирање на вакцината Фајзер/Бајонтек на пазарот, со цел да се започне кампањата за вакцинација веќе на крајот на декември во 27 земји на ЕУ.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе

Отворено писмо до претседателот Пендаровски и  академска фела во Македонија.

повеќе